
Во неделата, пред два дена голем пожар избувна во близина на Вардариште во Скопје, при што половина град остана без електрична енергија 5 часа. Денес МВР спроведе акција и отиде на лице место да врши увид и да изврши разговор со тамошните жители, воглавно припадници на ромската заедница, кои се занимаваат со откуп на стари работи и метали.
Екипата на 24Инфо е на терен и успеа да сними еден од жителите со кого е извршен разговор од страна на МВР, кој пак за нашата камера изјави дека никој од жителите не го запалил пожарот, туку тврди дека истиот е подметнат намерно.
Вели никој не сака да му изгори живеалиштето, не би можело некој од нив да го подметне, а притоа истакна дека со откуп се занимава преку 30 години и дека за тоа нема основано фирма, ниту пак има конкретна легална документација за деловите кои ги откупува. Сепак тврди си ја знае работата и знае што откупува.
Целата изјава погледнете ја на видеото во продолжение: