Skip to main content
Македонија

МВР: Сите собирања и протести да се одржат во мирна атмосфера

18/03/2025  13:48

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека овие денови има зголемено присуство на полициски службеници на територија на цела држава, особено во градот Кочани и околу општинската зграда.

Зголемениот број на полициски службеници е поради извршување на службени активности и обезбедување на документација од општината, а не заради попречување на граѓаните во нивното загарантирано со Устав право на собирање и одржување на протест.

Апелираме до граѓаните сите собирања и протести да се одржат во мирна атмосфера, соопшти МВР.