Skip to main content
Хроника

МВР распиша меѓународна потерница по ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски

31/12/2024  15:06

Министерството за внатрешни работи ја објави меѓународната потерница за поранешниот директор на државната компанија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски – еден од осомничените во случајот „Адитив“.

Потерницата е објавена на веб-страницата на МВР, веднаш над онаа за поранешниот вицепремиер, Артан Груби, кој пак се бара за криминал во Државна Лотарија.

На Ковачевски одреден му е осумдневен притвор, мерка кој ќе се активира откако ќе биде пронајден.

Во акцијата „Адитив“, осомничени се 23 лица, од кои дел се поранешни директори на државната компанија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“.