Skip to main content
Македонија

МВР: Пријавено оштетување на вратата од Амбасадата на Р. Бугарија

11/01/2026  20:47

Денеска (11.01) во 15:55 часот, во СВР Скопје било пријавено оштетување на стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Пријавата била поднесена од Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи, откако офицерот за безбедност на Амбасадата преку системот за видео надзор забележал оштетување на стаклото на влезната врата од објектот.

Според досегашните сознанија, оштетувањето го извршило засега непознато лице, кое со удар со рака го скршило стаклото на вратата.

На местото на настанот биле преземени соодветни полициски мерки, а надлежните служби работат на утврдување на сите околности и целосно расчистување на случајот.