Skip to main content
Македонија

МВР потврди: Уапсен Раде Трајковски-Штекли

18/01/2025  19:19

Македонската полиција денеска го уапси Раде Трајковски-Штекли по Наредба на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираат од МВР.

MK Summit

Од ОЈО ГОКК појаснуваат дека по Наредба на обвинител во моментов се вршат претреси на повеќе локации. Има повеќе лица кои се лишени од слобода. Во момемтов од ОЈО ГОКК потврдуваат дека станува збор за криминална група што се занимава со продажба на дрога.

Во ноември минатата година беше фрлена експлозивна направа во двор на куќа во населба Керамидница во Скопје, а од експлозијата со повреди се здоби Трајковски, кој беше пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош.

Претходната година, пак, кон него беше пукано во Трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје.