Skip to main content
Македонија

МВР: Податоците за преминување на границата на Ристов се достапни само по законска постапка

20/01/2026  13:13

Од Министерството за внатрешни работи за 4NEWS информираат дека податоци поврзани со преминување на државната граница – односно информации за влез или излез од државата – можат да се достават исклучиво по официјално барање од надлежна институција, во рамки на законски утврдена постапка.

Дополнително, вакви информации може да се обезбедат и по писмено барање поднесено лично од засегнатото лице, согласно важечките законски прописи за заштита на личните податоци и правата на граѓаните.

– Во врска со конкретниот случај во изминатите денови, МВР и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја информираа јавноста со сите информации што во овој момент можат да се споделат, без да се наруши тековната постапка, соопштуваат од Министерството.