Skip to main content
Хроника

МВР: Добиени дојави за бомби во неколку училишта во Скопје и во Куманово

28/10/2025  20:20

Во неколку основни училишта во Скопје и Куманово вечерва на електронските адреси пристигнале пораки за поставени експлозивни направи. МВР информира дека во тек се проверки во училиштата.

-Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во неколку основни училишта пристигнати се пораки за поставени експлозивни направи во училишта. Во тек се проверки од страна на полициски службеници – информираат од МВР.

Според објави на некои медиуми, дојави за бомби во Скопје пристигнале на електронските адреси на училишта во Општина Аеродром, по што сите попладневни активности во тие училишта биле прекинати, а децата биле испратени дома.

СВР Куманово попладнево потврди дека во неколку основни училишта пристигнати се пораки за поставени експлозивни направи во училиштата.