
Дисциплинската комисија на турскиот фудбалски сојуз го казни тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо со суспензија од три натпревари.
По поразот од Галатасарај на домашен терен со 1:2 во четврт-финалето на Купот на Турција, Мурињо му го штипна носот колегата од спротивниот табор Окан Бурук, што беше окарактеризирано како напад.
Поради тоа, Португалецот беше суспендиран за следните три првенствени натпревари.
Под водство на Мурињо, Фенербахче ги загуби двете големи дербија во првенството, на домашен терен од Галатасарај беше 3:1.