Skip to main content
Спорт

Мурињо може да го стопира трансферот на Отаменди во Барселона

27/12/2025  19:09

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, можеби ќе спречи Николас Отаменди да се пресели во Барселона. По повредата на Кристенсен, каталонскиот клуб бара засилување за одбраната, а според португалските медиуми, Отаменди е еден од потенцијалните кандидати.

Сепак, Мурињо побарал од управата на Бенфика да му понудат продолжување на договорот на играчот, кој му истекува следното лето. Ова би значело дека трансферот на Отаменди оваа зимска пауза можеби нема да се реализира.