Skip to main content
Македонија

Муцунски во Брисел на средби со Марта Кос и Јан Копман

25/08/2025  08:59

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе престојува во работна посета на Брисел.

Во рамки на посетата, како што информираа од неговиот кабинет, планирани се средби со еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, како и со генералниот директор на Директоратот на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман.

На средбите, како што е најавено, ќе се разговара за теми поврзани со европската агендана Северна Македонија, реформската агенда на земјата и натамошните чекори во процесот на пристапување во ЕУ.