Skip to main content
Македонија

Муцунски: Одговорноста е важна, ние стоиме зад САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија

03/01/2026  18:10

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево ја поздрави акцијата за приведување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Во објава на платформата X, Муцунски ја поздравува објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Мадуро е уапсен и дека ќе се соочи со правдата.

– Одговорноста е важна. Ние стоиме зад Соединетите Американски Држави и венецуелскиот народ за слобода и демократија“, пишува Муцунски во објавата.

Упатува и пофални зборови за американскиот државен секретар Рубио за неговото лидерство во, како што вели, соочувањето со нарко-криминалните мрежи на режимот на Мадуро.