Skip to main content
Македонија

Муцунски: На прагот сме на голема победа

19/10/2025  20:03

На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ќе победиме во најголем дел од општините во државата. Денес Македонија имаше мирни и успешни избори кои ги задоволуваат највисоките критериуми за демократски изборен процес.

Можеби најпримерните и најмирни избори во нашата понова историја. За тоа заслугата ја имаат пред се граѓаните на Македонија. Им благодариме на сите граѓани, на нивниот одзив, на нивната решителност, нивната одлучност и континуирана желба да ја наградат работата, проектите, да бидат на вистинската страна.

Очекуваме одличен изборен резултат и огромна победа, која ќе биде прослава на волјата на граѓаните, но и порака до сите оние кои ја влечат на дното на погрешната страна во целосна безидејност, без концепт и без визија.

Македонија одлучи денес на тоа да стави крај.

Некои информации кои говорат за извесни нерегуларности и обвинувања, кои треба да фрлат дамка на изборниот процес ги гледаме како стратегија на СДСМ, и на нашите политички противници за барање алиби за изборниот пораз кој очигледно следи. Тоа е партија со многу проблеми, кои во периодот што следи ќе бидат нивниот главен камен на сопнување и очекувано е таа партија конечно да почне да се реформира.

Но, сакаме да ве увериме дека победата ќе биде чиста и јасна. И тоа значи за нас одговорност која што не смееме да ја изневериме.

Во наредниот период ќе известуваме за резултатите од гласањето.