Skip to main content
Македонија

Муцунски: Денес ќе се одржи состанок на кој ќе се договори планот за враќањето на дел од пациентите во земјава

22/03/2025  11:58

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, на денешната прес конференција истакна дека во моментов има 116 лица кои се лечат надвор од нашата земја и тоа во 14 држави.

31 пациент има во Србија, 15 во Бугарија, 12 во Турцика, 12 во Грција, 7 во Шпанија, 6 во Австрија, 6 Унгарија, 5 во Романија, 4 Белгија, 4 Литванија, 4 Хрватска, 4 Словенија, 4 Шведска, 2 Полска.

За да се избегнат шпекулациите кпи се шират во медиумите, министерот уште еднаш истакна дрка лекувањето на сите пациенти надвор од државава е покриено од домаќините, односно земјите каде се лечат, додека патните трошоци и сместувањето, па дури и трошоците за превоз, телефонски сметки, превод и се останато е покриено од страна на нашата земја, односно од страна на Влада.

Тој исто така истакна дека денес, веднаш по прес конференцијата МНР ќе има прв координативен состанок на кој ќе се зборјва и ќе се направи план за враќање на пациентите во земјава и кај нивните семејства.

Тој смета дека дел од пациентите уште следнава недела би можеле да бидаѕ во таква здравствена состојба што би можеле да се вратат во државава и овде да го продолжат лекувањето.