
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А.(49) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво”.
На 08.12.2025, пријавениот насилно влегол во домот на Д.Б. од Охрид, физички го нападнал, по што му го одзел паричникот. Полициски службеници од СВР Охрид за кратко време го пронајдоа сторителот и го лишија од слобода

