Skip to main content
Хроника

Му се заканувале со пиштол во семејниот двор – Скопјанец заврши со тешки повреди по напад од две лица

11/08/2025  13:43

54-годишен скопјанец завршил во болница откако бил нападнат од две лица во семејниот двор. Му се заканувале и со пиштол.

Како што информираа од полицијата, вчера во 23:44 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“- Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.М.(54) од Скопје. Според пријавеното, со повредите се здобил околу 22:50 часот кога во дворот на семејниот дом во Скопје бил нападнат од две лица, кои му се заканувале со пиштол, а потоа и физички го нападнале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.