Skip to main content
Хроника

Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница

24/07/2025  16:33

Во СВР Велес, од Општа болница Велес вчера утро во 8,30 часот било  пријавено дека на Детското одделение било донесено починато деветмесечно бебе од село Сливник, Велешко, кое од претходно било со здравствени проблеми.

Како што информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска, лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото бебе било дадено на обдукција.