
На 17.08.2025 во СВР Велес било пријавено дека околу 10:00 часот на улица „Димитар Влахов” во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(65) од село Отовица, велешко и мопед „томос”, управуван од М.Ј.(72) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.