Skip to main content
Хроника

Мотоциклист удрил во велосипедист во Гевгелија и тешко го повредил

24/04/2025  17:10

53-годишен жител на Гевгелија е тешко повреден откако во него, додека возел велосипед, удрил сограѓанин, соопшти МВР.

„На 23.04.2025 во 20.20 часот во ОВР Гевгелија од Општата болница Гевгелија било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен П.Д.(53) од Гевгелија. Според пријавеното, претходно на ул.„Деко Ковачев“ во Гевгелија, мотоцикл „ктм“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Т.А.(41) од Гевгелија, удрил во велосипед кој го управувал П.Д.. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија“, пишува во полицискиот билтен.