
На 25.05.2025 околу 20.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Димо Хаџи Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.(76) од Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.П.(26) од Скопје, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.