
Вчера околу 05.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Живко Фирфов“ и ул.„Волтерова“ во Скопје, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Д.(42) од Скопје удрил во паркирани патнички возила „форд“, сопственост на В.К.(46) и „опел“, сопственост на 51-годишната А.П., двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, известија од МВР во дневниот билтен.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.