Skip to main content
Хроника

Мотоциклист тешко повреден, настрадал откако се судриле два камиони

30/06/2025  15:46

На 29.06.2025 во 14.29 часот во Полициското одделение Македонска Каменица е пријавено дека на регионален пат во с.Саса, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман” со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од К.С.(28) од Делчево, товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.К.(73) од с.Тодоровци, општина Македонска Каменица и мотоцикл „томос”, управуван од Д.М.(38) од с.Саса, општина Македонска Каменица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен е увид од увидна екипа од Полициските станици Делчево и Виница.