
Тешко е повредена 60-годишна жена откако во неа удрил мотор на патот Стар Дојран-Нов Дојран.
„На 22.06.2025 во 11.45 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат Стар Дојран-Нов Дојран, мотоцикл „кавасаки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(43) од с.Негорци, гевгелиско, удрил во 60-годишната Ј.Н.Ј. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Ј.Н.Ј. и мотоциклистот, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија“ соопшти МВР.