Skip to main content
Хроника

Мотоциклист од Србија повреден на автопатот Скопје-Велес

17/06/2025  14:20

На 16.06.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, М.М.(43) од Република Србија, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со српски национални ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје, стои во денешниот полициски билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.