Skip to main content
Свет

Мост падна како да е од карти: страшна снимка од разорниот земјотрес, оштетена историска палата во Мандалеј

28/03/2025  12:10

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот Сагаинг во северозападниот дел на Мјанмар. Потресите беа почувствувани во неколку градови, вклучувајќи ги Сагаинг, Мандалај, Кјауксе, Пјин У Лвин и Швебо во северниот дел на Мјанмар.

Очевидци изјавија за „Мјанмар нау“ дека делови од историска палата во Мандалеј биле сериозно оштетени. Во исто време, во земјотресот целосно беше уништен мост во градот Сагаинг.

Во соопштението на Државниот административен совет на Мјанмар се наведува дека бројот на жртви и повредени е голем.

Поради итната потреба од крв, властите ги повикаа дарителите веднаш да контактираат со болниците и да даруваат крв.

Медиумите објавија дека земјотресот бил почувствуван и во Бангладеш, Индија, Тајланд, Лаос и Кина. Од Руската амбасада во Мјанмар изјавија дека не добиле извештаи за руски жртви.