Skip to main content
Македонија

МОН: Дополнителна можност за сместување во студентски домови каде што има слободни места

13/10/2025  15:53

Министерството за образование и наука известува дека од денеска е отворена можноста за пријавување студенти за сместување во студентски домови каде што останаа слободни места по Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2025/2026 година.

Во објавата на МОН е наведено дека слободни места има во студентските домови: „Кочо Рацин“ во Битола, „Томе Стефановски-Сениќ“ во Скопје, „Никола Карев“ во Охрид, „Oрде Чопела“ во Прилеп и во домовите  „Логос“ и „Хилјадников“ во Штип.

-Сите заинтересирани студенти може да аплицираат најдоцна до крајот на тековниот месец. Критериумите и условите за аплицирање се идентични како и при првото пријавување и може да се погледнат на следниот линк, посочува Министерството за образование и наука.