Skip to main content
Хроника

Момче заврши на Клиника – на излез од ноќен клуб во Скопје му ги украле патиките и јакната

10/02/2025  16:00

Тинејџер заврши на комплексот клиники во Скопје по инцидент што се случил синоќа по полноќ.

Според пријавата на мајката, момчето излегло од ноќен клуб на подрачјето на Центар, и му биле одземени патиките и јакната.

Од МВР велат дека тој бил однесен во Комплексот клини „Мајка Тереза“ кадешто му била укажана помош, иако нема посочено детали дали му биле нанесени повреди и од каква природа.

Се работи на расчистување на случајот, додаваат од полицијата.