
По победата на Реал Мадрид над Лас Палмас со 4-1, во која Килијан Мбапе блескаше со два гола, младо момче од селото Камењане, близу Тетово, успеа да се пробие низ обезбедувањето и да му се приближи на својот идол.
Мбапе, кој во последно време е во одлична форма и редовно постигнува голови, првично беше изненаден од ситуацијата. Додека обезбедувањето се обидуваше да го отстрани момчето, Реис почнал да плаче и му кажал на француската суперѕвезда дека има само една желба – неговиот дрес.
Мбапе, покажувајќи го својот карактер и емпатија, му ја исполни желбата на малиот фан. Надвор од „Сантијаго Бернабеу“, Реис гордо позираше со дресот на Мбапе, момент кој сигурно ќе го памети цел живот.