Skip to main content
Свет

Моќна ерупција на Етна: Туристите панично бегаат (ВИДЕО)

02/06/2025  17:16

Вулканот Етна на Сицилија, највисокиот активен вулкан во Европа, повторно еруптира предизвикувајќи паника кај туристите, кои бегаа за да си го спасат животот.

Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија соопшти:

„Во последните неколку часа активноста забележана во претходниот извештај, издаден во 4.14 часот наутро, продолжи со експлозии со зголемен интензитет, кои во моментот се многу силни и речиси континуирани“.

Според податоците од веб-страницата VolcanoDiscovery.com, сеизмичка активност во форма на вулкански тремор е забележана пред ерупцијата, пишува „Мирор“.

Треморот почнал синоќа околу 22 часот и го достигнал својот врв околу 1 часот по полноќ. Епицентарот се наоѓал на висина од 2,8 километра под кратерот.

Засега нема извештаи за повредени, но властите внимателно ја следат ситуацијата и издаваат предупредувања поради можна понатамошна ескалација на вулканската активност.