Skip to main content
Македонија

Моќен циклон од Џенова следната седмица носи опасност од поплави на Балканот и во Македонија

24/01/2026  07:46

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во текот на следната седмица односно во периодот од Понеделник 26 Јануари до Недела 1 Февруари територијата на целиот Балкан и Македонија ќе биде под влијание на моќен циклонски систем со центар над Џенова. Во ваква ситуацијаво текот на следната седмица често ќе се формираат влажни и големи фронтални бранови кои често ќе условуваат да имаме обилни врнежи од дожд а поради повремен продор на поладен воздух од север на планинските  и повисоките населени места над 1000 метри надморска височина ќе има врнежи од снег со што очекувам позначително зголемување и проширување на снежната покривка на планинските места во Македонија.

Ќе дува повремено засилен до силен ветер од јужен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Следната седмица очекувам во голем дел од Балканот  и во Македонија да наврне големо количество на воден талог па токму поради ова повторно расте опасноста за зголемување на нивоата на реките  и на езерата, излевање на реките  и опасност од нови поплави ширум Балканот  и во Македонија.