Skip to main content
Македонија

Мојсоска: Зедоа 500 милиони евра кредит и не набавија ниту едно противпожарно возило

15/05/2025  15:59

Соопштение за јавност на Левица:

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на социјалните мрежи потсети дека и покрај дотраените противпожарни возила, а во пресрет на летните периоди и шумските пожари, ниту еден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ не набави нови возила и противпожарна опрема:

„Во пресрет на летната сезона, кога повторно ќе сведочиме катастрофални сцени со изгорени и уништени шуми, потсетување дека од 500 милиони евра кредит, вмровските градоначалници набавија нула противпожарни возила. Затоа што во набавка на противпожарна опрема нема провизии и нема фирми блиски до власта да земаат тендери за 100 метри пат или изградба на паркчиња. 

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и во предизборна програма најавуваше ново противпожарно возило, што никаде го нема ниту после 4 години власт. Иако до Пецаков е доставена понуда за купување поволно противпожарно возило од доброволно противпожарно друштво „ПИВКА”, очигледно градоначалникот на Охрид има други приоритети, како носење ДУП-ови за рушење на Маларична болница (познатиот белег на Охрид).

Кога летово ќе се гасат пожари со дотраени југословенски возила, редуциран број на пожарникари и несоодветна опрема, сетете се на изјавата на премиерот дека во Македонија скандинавски се живее и веднаш ќе ви биде полесно…” – напиша пратеничката Мојсоска.