Skip to main content
Македонија

Модно студио и тазе фирма од Скопје за 3,8 милиони евра ќе кројат униформи за специјалната полиција!

22/05/2025  22:50

Модно студио со само двајца вработени од Битола и штотуку регистрирана фирма со српски сопственик добија тендер вреден 3,8 милиони евра за набавка на униформи за специјалните полициски единици, објави истражувањето на „360 степени“.

Станува збор за модното студио „Ле Бранд“ од Битола и компанијата „Памитекс тим ДООЕЛ“, која неодамна била формирана и чии корени водат од Србија. Двете фирми се избрани како добавувачи на униформи за македонските безбедносни сили – наспроти тоа што не располагаат со значајно претходно искуство во производство на ваков вид на опрема, ниту пак имаат реализирано договори со сличен финансиски обем.

Фактот дека ваква висока и стратешки чувствителна јавна набавка ѝ е доделена на компанија со минимален капацитет и нов субјект со странски сопственик, отвора сериозни прашања за транспарентноста, критериумите за избор и евентуалната политичка позадина во доделувањето на договорите за јавни набавки.

Овој случај повторно го става фокусот на потребата од темелна ревизија и поголем јавен надзор при склучување на договори со државни институции, особено кога станува збор за снабдување на полицијата и другите безбедносни сектори со чувствителна и специјализирана опрема.