Skip to main content
Хроника

Модел и поранешен ракометар е Македонецот кој се разнесе со експлозив во Белград

07/10/2025  19:45

Македонскиот државјанин, Мартин Сипковски (21), инаку манекен по професија, загина минатата недела во експлозија во стан на улицата Косовска, во центарот на Белград, пишува српски „Kurir“.

Во Вишото јавно обвинителство во Белград, за експлозијата во која животот го загуби Сипковски, бил сослушан и Филип В. (26), осомничен дека на 30 септември неовластено набавил, а потоа и предал експлозивен материјал „пентрит“ на македонскиот државјанин, токму на аголот меѓу улиците Косовска и Нушиќева. Според досегашната истрага, Мартин Сипковски следниот ден, на 1 октомври околу 21:45 часот, при невешто ракување со експлозивот го активирал и загинал на самото место.

По извршената обдукција беше потврдено дека загинатиот е Мартин Сипковски, државјанин на Македонија, кој според неофицијални информации немал никакво криминално досие. Засега не е познато како се нашол во кругови поврзани со организиран криминал, со оглед на тоа што, според зборовите на неговите познаници, бил успешен манекен кој се пробил на турскиот пазар и имал забележителни успеси на модните писти.

Поранешниот ракометар на Вардар, Мартин Сипковски, е првиот Македонец кој потпишал договор со престижната модна агенција „Daman“ од Истанбул.

Поопширно на Тocka.com.mk