
Од говор на омраза до институционален речник, каде е границата?
Во последните недели, јавниот дискурс во Македонија е сè почесто обоен со остар, а неретко и навредлив речник, кој доаѓа не од маргините на политичката сцена, туку од самото државно раководство.
Премиерот Христијан Мицкоски, кој неодамна ја презеде највисоката извршна функција во земјата и претходно како прв опозиционер го користеше терминот „Мочуриште“ или „полиитчко мочуриште“ за да ја ошише општествената состојба во државата.
Но откако ја презеде функцијата, Мицкоски не само што не застана на ткавите споредби, туку и ги засили деградирачките метафори.
Па така, коментирајќи ги најавите за протестите по трагедијата во Кочани, Мицкоски кажа дека го разбира гневот на граѓаните но никако не можел да ги разбере „политичките глодари“.
„Не можам никако да ги оправдам оние политички глодари, лешинари, коишто не сакаат силна Влада од ВМРО, бидејќи е браник и последниот столб да не дозволи уништување на Македонија, како држава.“ ќе каже Мицкоски една недела по трагедијата во Кочани.
Денес, тој употреби нов термин во деградацијата на неговите противници па во коментар за скандалозната пресуда на Судот во Тетово, кажа дека ќе се појавеле и „полноглавци“.
„Ова не е правда и тука имаме потфрлање на системот по сите основи. Знам дека некој ќе ми се налути, ќе излезат и такви полноглавци коишто ќе ме критикуваат после ова што ќе го кажам, но јавно барам од Судскиот совет да се преразгледа работењето на овој судија и уште еднаш да се реализира оваа пресуда…“ кажа Мицкоски денеска.
Лешинари, полноглавци, глодари во македонскиот јазик се термини кои се употребуваат со цел некој да се навреди, дискредитира или дегадира и иако овие термини се препознатливи за уличниот жаргон, сепак премиерот не се двоуми да ги користи и во официјални настапи, без при тоа да прецизира кон кого се однесуваат таквите поими.