Skip to main content
Македонија

Мобилизирани сите тимови во Штипската клиничка болница за укажување помош на повредените од пожарот во Кочани

16/03/2025  09:09

Роднини, пријатели, родители, во голем број се пред Штипската клиничка болница, чекаат информации за здравствената состојба на нивните деца.

Мобилизирани се сите тимови во Штипската клиничка болница. Овде се и волонтерите на Црвен крст кои делат вода на присутните пред болницата.

Повредените биле донесени со возила за итна помош од повеќе градови од источниот регион.

Најавена е изјава за јавноста на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во 9 часот пред полициската станица во Кочани.