Skip to main content
Македонија

МНР со реакција за протерувањето на македонскиот државјанин од Србија

24/01/2025  16:13

Министерството за надворешни работи изразува загриженост поради протерувањето од Република Србија и забраната за влез од една година на македонски државјанин со регулиран престој во државата, кој според наводите на надлежниот орган на Република Србија, претставува „безбедносна закана”.

„Во овој контекст МНРиНТ ќе побара објаснување во поглед на оправданоста на преземените мерки, посебно имајќи го предвид нашето очекување дека истите се во согласност со законските рамки на Република Србија, но и со европските и меѓународни стандарди за човекови права.

Искрено очекуваме дека овој случај ќе биде разрешен на соодветен начин, преку дијалог и со присутна добра волја од двете страни, како и во интерес на задржување на континуитетот во градењето на пријателските и добрососедски односи помеѓу двете земји“ се наведува во реакцијата на Министерството.