
Македонскиот конзулат во Венеција потврди дека е известен за трагичниот настан што се случил на 29 јуни во местото Сан Џакомо ди Педероба, во близина на Тревизо, Италија, при што животот го загуби деветгодишно девојче со потекло од Република Северна Македонија.
Како што соопштија надлежните, девојчето трагично го загубило животот покрај брегот на реката Пјаве. Веста ја потресе македонската заедница во Италија, како и пошироката јавност.
„Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни постапки за транспорт на посмртните останки во Република Северна Македонија“, информираат од македонските дипломатски претставништва.
Од Министерството за надворешни работи изразија сочувство до семејството и најавија дека ќе продолжат со сите неопходни активности и поддршка за да се овозможи достоинствено враќање на телото на девојчето во татковината.