Skip to main content
Македонија

МНОГУ ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Македонија пред летни горештини!

31/05/2025  08:08

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на нашата Република Македонија полека потпаѓа под влијание на најавениот прв топлотен Африкански бран за оваа сезона. Температурите на воздухот започнуваат постепено да растат од викендов.

Во периодот од 2 јуни (понеделник) до 8 јуни (недела) ќе имаме многу топло време, а особено топло ќе биде од средината на следната седмица, кога температурите на повеќе места ќе надминуваат 30 степени, додека во Повардарието температурите ќе надминуваат и 35 степени, што значи дека пред нас е првиот поголем топол Африкански бран за оваа сезона.

На метеоролошката карта можеме да видиме дека целиот Балкански Полуостров ќе биде зафатен од овој Африкански топол бран и истиот ќе услови високи температури на воздухот насекаде во регионот.

Што се однесува пак до врнежите, следната седмица речиси и дека ќе ги немаме, односно, времето ќе биде многу постабилно и посуво, со многу повеќе сончеви периоди. Сепак, можни се сосема мали исклучоци, поточно, ќе има услови за повремено и сосема мало локално дестабилизирање на атмосферата, па така локално во нашата Македонија ќе има услови за сосема краткораен дожд.

Лубителите на летото и на летните температури на воздухот конечно си доаѓаат на своето, што значи дека истите ќе уживаат во летното топло време.