Skip to main content
Свет

Многу лоша вест за сите оние кои планираа да се вработат во Германија!

23/02/2025  20:51

Во Германија во моментов има помала побарувачка за квалификувани работници поради послабата економска ситуација во земјата, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Според најновото истражување, приближно 28,3 отсто од германските компании пријавиле недостаток на квалификувана работна сила, што претставува намалување во споредба со 31,9 отсто во октомври.

Побарувачката за квалификувани работници во Германија е послаба, што значи дека нивниот недостиг во моментов не е толку итен проблем, коментира менаџерот за истражување на IFO, Клаус Ворабе.

Сепак, тој предупредува дека демографските промени во Германија претставуваат голем предизвик, така што долгорочно повторно ќе се зголемат проблемите со недостигот на квалификувани работници.

Во некои сектори сè уште постои изразен недостиг од квалификувана работна сила.

Во услужниот сектор, приближно 35,1 отсто од компаниите имаат потешкотии да најдат квалификувани работници, а овој процент е особено висок во правните и даночните консалтинг 75 отсто, агенциите за вработување и привремените вработувања 62 отсто, како и во услугите за сместување 42 отсто.

Како што е наведено, околу 18 отсто од компаниите во германската индустрија сè уште не можат да најдат доволно квалификувани работници, а ситуацијата е особено сериозна во прехранбената индустрија каде овој процент е 27 отсто, во машинската индустрија 23 отсто и кај производителите на мебел 23 отсто.

Недостатокот на квалификувани работници продолжува да се чувствува во малопродажбата и градежништвото, каде нешто повеќе од една петтина од компаниите пријавуваат тешкотии во пополнувањето на квалификувани позиции, се додава во извештајот.