
На 06.11.2025 во 13:45 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на ул.„Св.Јоаким Осоговски” во Крива Паланка, патничко возило „мерцедес” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(25) од Крива Паланка излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.

