Skip to main content
Хроника

Младо момче крадело по кафе-барови и продавници, земал алкохол и пари

05/06/2025  18:01

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник за кого постои основано сомнение дека во само неколку дена во мај извршил четири тешки кражби.

На 6 мај со алат и физичка сила ја скршил вратата од кафе бар во еден трговски центар и одзел повеќе шишиња алкохолни пијалоци во вкупна вредност 25.664 денари.

На 23 мај по полноќ, исто така, насилно влегол во билијард клуб и од касата одзел 28.692 денари.

Потоа на 25 мај наутро одзел уште 2.000 денари од касата во продавница во која влегол кршејќи ја вратата, а еден ден подоцна, на сличен начин, 2.000 денари одзел и од кутијата за пари во автомат за кафе во сопственост на правно лице.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.