
23-годишниот Кристијан Сребреновски од Кочани, познат како Кико, моментално се бори за живот во болница во Риека, Хрватска, откако му е дијагностициран карцином на тестис со метастази во главата.
Во краток период се извршени три операции, а покрај него е семејството кое е целосно исцрпено финансиски. За да продолжи животот на Кико, за да може да биде лекуван и транспортиран во Македонија, потребна му е финасиска помош од сите хумани луѓе.
– „Луѓе, ајде да му дадеме шанса на Кико наредниот август, како што планираше, да биде горд младоженец“, се вели во апелот објавен на социјалните мрежи.
Сите кои сакаат да помогнат можат да извршат уплата на следната трансакциска сметка:
Halkbank: 270-7000735102.35
IBAN: MK0720700114145184
SWIFT: EXPCMK22