Skip to main content
Спорт

Младата репрезентација ги почна подготовките за дуелите со Ерменија и Црна Гора

07/10/2025  18:06

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ги стартуваше подготовките за претстојните дуели од октомврискиот циклус на квалификациите за пласман на Европското првенство 2027 година.

Првиот од двата натпревара избраниците на селекторот Горан Станиќ го играат в петок 10.октомври во Битола против Ерменија, додека следниот дуел е на 14.октомври во Тузи против репрезентацијата на Црна Гора на гостински терен.

Не очекуваат два тешки натпревара против Ерменија и Црна Гора. Максимално сме фокусирани и подготвени за претстојните предизвици. Се надевам дека ќе ги исполниме сите барања на селекторот и стручниот штаб и ќе оствариме позитивен резултат. На претходните два квалификациски дуела и покрај поразите, мислам дека не одигравме лошо. Имавме добри моменти и создадовме неколку сериозни прилики за погодок, но ни недостигаше повеќе концентрација во завршницата. Свесни сме каде погрешивме и верувам дека ќе ги поправиме грешките на следните натпревари, изјави репрезентативецот Теодор Николовски.

Селекторот на нашата репрезентација, Горан Станиќ поради повреда нема да може да смета на двајца фудбалери, Мухамед Елмас од Македонија Ѓ.П. и Џезаир Авдули од Арсими.