Skip to main content
Хроника

Млада девојка направила сообраќаен хаос во тетовско: Удрила во велосипедист, во паркирано возило и на крај во објект

22/07/2025  16:15

Млада возачка направила „карамбол“ во тетовско. Прегазила велосипедист, па удрила во паркирано возило, и на крај во деловен објект.

Вчера околу 17.10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат Тетово-село Требош, патничко возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(22) од село Ратае, општина Јегуновце, удрило во велосипед управуван од Р.Р.(64) од село Требош, општина Желино, по што удрило во паркирано возило „фиат“, паркирано од А.И.(60) од Тетово и во деловен објект.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.И., додека со телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.