Skip to main content
Хроника

Млад возач излетал од патот Битола-Прилеп, се здобил со тешки повреди

16/01/2026  12:44

На 15.01.2026 во 23:32 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп, патничко возило „форд ескорт” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(25) од Прилеп, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.