Skip to main content
Хроника

Млад тетовчанец тешко повреден во основно училиште во Гази Баба

15/07/2025  14:56

Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 13.30 часот при извршување градежни работи во oсновно училиште на подрачјето на Гази Баба во Скопје со повреди се здобил 35-годишниот И.И. од село Ореше, тетовско.

Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид и известен е трудов инспеткор.