По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода на 15.12. и 16.12.2024 на подрачјето на Кисела Вода ги лишиле од слобода М.С.(23), М.Б.(23) и Ф.М.(22), сите од Скопје.
Тие се сомничат дека на 15.12.2024 околу 03.00 часот во угостителски објект во Градски парк на подрачјето на Карпош физички го нападнале Ф.Т.(26) од Скопје и му нанеле повреди. Додека, пак, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во нивните домови, при биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од делото.
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, против лицата е поднесена кривична пријава по брза постапка, по што биле изведени пред судија на претходна постапка, кој им определил мерка домашен притвор.