Skip to main content
Хроника

Млад скопјанец крадел по станови и локали низ Аеродром, обвинителство бара притвор

19/01/2025  16:32

ОЈО Скопје повело истрага против 26-годишен скопјанец бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 и две дела – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 1од Кривичниот законик.

На 20 декември 2024 година, осомничениот дошол пред врата на стан на улицата “Венјамин Манчуковски” во Аеродром и тропнал на вратата. Кога сопственикот излегол, физички го нападнал со тупаници, од раката му го одзел мобилниот телефон, а кога оштетениот паднал на земја, му одзел уште 1.200 денари.

На 26 декември 2024 година, заедно со еден малолетен соизвршител, осомничениот извршил тешка кражба во угостителски објект во Аеродром, на булеварот “Кузман Јосифовски – Питу”. Во објектот влегле со провалување и по пребарување одзеле мобилен телефон.

Уште една тешка кражба извршил на 18 јануари годинава, кога осомничениот насилно влегол во пицерија на улицата “Фрањо Клуз” од каде украл 3.000 денари, клуч од касата и шишиња пиво, во вкупна вредност од 12.000 денари.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.