
Полициски службеници од Ниш по наредба на Вишото обвинителство во овој српски град го уапсија П.С.(25) поради сомнение дека сторил тешко убиство во обид.
А.Ѓ.(34) од Ниш и Ј.Ј.(40) од Пирот се обвинети за помагање на сторителот по извршеното кривично дело.
На 8 април годинава околу 15 часот и 40 минути осомничениот П.С со чекан нападнал маж (48) и тешко го повредил на паркинг пред зграда во Ниш.
Неговите помагачи А.Ѓ. и Ј.Ј. потоа го сокриле, иако знаеле дека сторил кривично дело.
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.