
На 16.01.2025 во 16.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во сопствената куќа во с.Беловиште, гостиварско, бил пронајден починат А.Ш.(43).
-Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош Гостивар, а увид на местото извршиле екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител, информираат од СВР Тетово.
По наредба на обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.