Skip to main content
Балкан

Млад маж избоден со нож во центарот на Белград

02/02/2025  09:36

Млад маж на возраст од околу 25 години утрово е избоден со нож во општина Палилула (дел од Белград) и побарал помош во Ургентниот центар.

Нападот врз младиот човек се случи утрово околу 6 часот на крстосница меѓу две улици.

Младиот човек е прободен со нож во раката и ногата, а пренесен е во Ургентниот центар.

Според првичните информации тој е нападнат од нему познато машко лице. Полицијата изврши увид на терен.

Мотивот за нападот не е познат, но полицијата интензивно работи на расветлување на овој случај и утврдување на идентитетот на напаѓачот.